Реал вреди 3,44 милијарди долари

Од:

Шпанскиот фудбалски клуб и актуелен европски шампион Реал Мадрид вреди 3,44 милијарди долари и е прв на листата тимови со најголема вредност објавена од американското списание „Форбс“.

Најголемиот конкурент на Реал, екипата на Барселона на ова рангирање е втора со вредност од 3,2 милијарди долари, а трет е премиерлигашот Манчестер Јунајтед со 2,8 милијарди долари.

Следни на листата се бејзбол клубот Њујорк Јенкис со 2,5 милијарди и Далас Каубојс од американската фудбалска лига (НФЛ) со 2,3 милијарди долари.

Освен Далас уште 29 екипи од американскиот фудбал се наоѓаат меѓу првите 50 на оваа листа, шест се од бејзбол клубовите, осум се фудбалски клубови, четири се од НБА лигата, еден е од хокеарската (НХЛ) лига и еден тим е од Формула 1.

„Форбс“ вредноста на тимовите ја одредува врз база на капиталот, долговите и маркетиншките договори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска