Реал ветил дека ќе го олесни трансферот на Бејл

Од:

Раководството на Реал Мадрид го известило Герет Бејл за својата намера да го продаде во текот на летото, но исто така ја изразило својата благодарност кон него за посветеноста и доброто однесување кои тој ги одржува од трансферот во клубот во 2013 година, пишува „АС“.

Според изданието, мадриѓани ветиле дека како гест на благодарност, ќе го олеснат преминувањето на играчот во избраниот од него клуб, под услов пристигнатите понуди да се горе-долу слични една со друга.

Тоа се случило на состанокот помеѓу генералниот директор Хозе Анхел Санчез и агентите на играчот Џонатан Барнет и Луис Алонсо кој поминал во целосно пријателска атмосфера. Сличен трансфер нема да се случи веднаш по крајот на сезоната, туку ќе се одолговлечи во текот на летото. Цената е 130 милиони евра.

Се проценува дека двата клуба кои пројавуваат најсилен интерес за Велшанецот се Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. „Црвените ѓаволи“ одамна имаат апетити кон крилото, а претседателот на баварците, Ули Хенес вети голема селекција за следната сезона, во центарот на која може да е токму брзоногиот фудбалер.

Бејл има 227 натпревари со 102 гола и 63 асистенции за Реал. Бројките можеа да бидат и поголеми, но 23-те повреди за време на 6-те негови сезони на „Сантијаго Бернабеу“ покажаа влијание врз неговата кариера во клубот.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Модриќ повеќе не е резерва, повторно е во првите 11 на Реал

Предраг Петровиќ