Реал сака да ги продаде Бејл и Иско во јануари, за Азар, Јовиќ и Дијаз чекаат понуди

Од:

Раководството на Реал сака да се раздели со неколку играчи на тимот во претстојниот зимски трансфер прозорец.

Според Марка, во јануари мадридскиот клуб сака да ги продаде Герет Бејл и Иско, чии договори се со важност до 30 јуни 2022 година. Ова прашање е договорено со стручниот штаб. Тренерот Карло Анчелоти не смета на овие играчи.

Реал Мадрид ќе ја почитува секоја одлука на Марсело, кој сезонава ретко настапува за тимот.

Исто така, клубот чека понуди за Маријано Дијаз, Лука Јовиќ и Еден Азар.

Шпанскиот фудбалски великанРеал Мадрид смета дека е речиси невозможно да се ангажираат квалитетни играчи во јануари, па за евентуални засилувања ќе се чека на лето.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Модриќ повеќе не е резерва, повторно е во првите 11 на Реал

Предраг Петровиќ