Реал освои само бод против Ваљадолид

Од:

Екипата на Реал Мадрид во заостанат натпревар од шпанската Примера одигра нерешено на синоќешното гостување кај Ваљадолид и со тоа шансите за титулата ги сведе на теорија.

„Кралскиот клуб“ поведе во 35.минута преку Серхио Рамос, а Ваљадолид изедначи во 85.минута со погодокот на Хумберто Осорио.

Хендикеп за гостите беше напуштањето на играта на нивниот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо уште во 9.минута поради повреда.

На две кола пред крајот на првенството Реал е трет со 84 бодови, еден помалку од второпласираната Барселона и дури четири помалку од лидерот Атлетико Мадрид.

Бодот за Ваљадолид може да има големо значење во борбата за опстанок во Лигата. Иако ова екипа се уште се наоѓа во зоната на испаѓање (18.место), сега има ист број бодови – по 36, со Хетафе и Алмерија кои се две места погоре. На последните две позиции се Осасуна (35 бода) и Хетафе (22 бода).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска