Реал останува на врвот во Евролигата по победата над Панатинаикос

Од:

Реал Мадрид победи со 87:75 на гостувањето кај Панатинаикос во Атина и остана на врвот на рангот на Евролигата. Посетата крај Акрополис се едни од најтешките на целиот турнир, но „белите“ се израдуваа на својата тринаесетта победа, откако покажаа убедлива тимска игра и заслужено триумфираа во натпреварот во шеснаесеттиот круг од регуларната сезона.

Ентони Рандолф ги водеше Шпанците со 22 поени, Волтер Таварес додаде 14 поени и 14 скокови, Фабиен Козер заврши со 12, а Џеф Тејлор со 10. Пабло Ласо користеше 11 кошаркари, од кои 10 забележа поени, а само Усман Гаруба не, откако играше помалку од 30 секунди. Гостите имаа 50 отсто прецизност од игра, надминувајќи го ПАО во сите статистики и направија 24 асистенции против само 9 грешки.

Ник Калатес со 19 поени и 7 асистенции беше најдобар за Панатинаикос. Џим Фредет исто се претстави стабилно со 18 поени и 9 асистенции, додека Јанис Папапетру заврши со 11 поени.

Реал Мадрид е на врвот на пласманот со скор од 13-3, додека Панатинаикос е шести со 9-7.

Останати резултати во Евролигата:

ЦСКА Москва – Армани Милано 78-75
Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив 99-79
Алба Берлин – Басконија 81-57
Асвел Вилербан – Кимки 92-88

Би можело да ве интересира

Евролигата може да забрани натпревари во Грција

Ана Ололовска

Ларкин со демант за медиумите: Ќе играм за Турција, ама име не менувам

Шејн Ларкин ја негираше промената на името

Ана Ололовска

Ердоган му го врачи на Ларкин дресот на турската репрезентација

Ана Ололовска

Кошаркарска победа на суд: ФИБА доби случај против Евролигата

Драган Поповски

Евролига: Ларкин е МВП за јануари

Драган Поповски