Реал нема намера да го враќа Роналдо

Од:

Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид ги отфрли шпекулациите дека има намера да го врати во тимот Кристијано Роналдо.

– Реал Мадрид нема планови да го врати напаѓачот на Јувентус. Идејата за враќање на Португалецот не спаѓа во спортската политика на клубот, објави „АС“, повикувајќи се на извор во раководството на Реал.

Претседателот, Флорентино Перез, го цени Роналдо за неговиот придонес во историјата на тимот, но смета дека „неговото време веќе помина и спортските задачи се различни“, се додава во информацијата на шпанскиот медиум.

За потсетување, Роналдо се пресели од Реал Мадрид во Јувентус во летото 2018 година за 112 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ

Ирански весник ја цензурираше сопругата на Роналдо- и го „срамни“ задникот