Реал најверојатно во јануари ќе го испрати Јовиќ во Баерн

Од:

Купувањето на талентираниот српски напаѓач Лука Јовиќ, се покажува како грешка на Реал Мадрид, тој нема дадено гол и не го дава очекуваниот придонес, а трпението кон него во клубот, наводно веќе почнало да попушта.

Во Реал размислуваат да го вратат Јовиќ во Бундеслигата, уште во јануари би го „трампале“ во Баерн Минхен, а од таму би го ангажирале Роберт Левандовски или Серж Гнабри. Сепак, ова е само шпекулација, и не се знае што мислат од Баерн за ваквиот предлог.

Левандовски игра во неверојатна форма, дава голови на речиси секој меч, има 20 погодоци на 17 меча. Реал за Полјакот би понудил пари плус Герет Бејл или Јовиќ на кого очигледно не му „легна“ преселбата во шпанскиот гигант и подобро се снаоѓа во Германија.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски