Реал на плус четири, титулата во Ла Лига се поблиску

Од:

Реал Мадрид се доближува до 34-тата титула во Шпанија.

„Кралскиот клуб“ се мачеше со Гетафе, но стигна до многу важна победа синоќа со гол на Серхио Рамос од пенал во 79-тата минута. Тоа е негов деветти гол оваа сезона во Примера.

Трагичар на мечот беше Матијас Оливеира, кој непотребно го сруши Дани Карвахал.

Реал сега има четири бода повеќе од Барселона на пет кола до крајот, и нема тежок распоред.

Гостува на Атлетик Билбао, Гранада и Леганес и ги пречекува Алавес и Виљареал.

Му помага и лошата форма на Барселона, која во последните пет кола три пати оди на гости (Виљареал, Ваљадолид и Алавес), а на домашен терен игра против Еспањол и Осасуна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска