Реал Мадрид нема интерес за Вилијан

Од:

Управата на Реал Мадрид ја отфрли можноста за привлекување на sвездата на Челси, Вилијан.

Бразилскиот крилен играч ќе биде слободен агент до крајот на сезоната, а неговиот агент Киа Џорабчијан напорно бара голем клуб за да ги исполни условите на својот клиент.

За Вилијан се заинтересирани Арсенал и Тотенхем, а на квалитетите му се восхитува и Зинедин Зидан.

Поради оваа причина, 31-годишниот Бразилец беше понуден на Реал, но „Сантијаго Бернабеу“ ја одби понудата заради желбата на играчот да потпише договор на три години.

Тоа беше барањето на Вилијан, кое не го прифати и неговиот сегашен клуб Челси, кој му понуди договор на две сезони, бидејќи ова е политика на лондонскиот тим за играчи кои веќе наполниле 30 години.

Вилијан помина седум години на „Стемфорд Бриџ“.

Би можело да ве интересира

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна