Реал Мадрид нема да разгледува понуди за Варан

Од:

Реал Мадрид нема намера да го продава Рафаел Варан, и затоа „кралевите“ нема да разгледуваат понуди за него, информира „АС“.

Единствената шанса Варан да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ е да биде активирана клаузулата која е запишана во неговиот договор со Реал Мадрид. Таа изнесува 500 милиони евра.

Во Реал Мадрид сметаат дека евентуалната продажба на Варан може да создаде опасен преседан и за таква опција воопшто не се размислува.

Варан има долгорочен договор со шпанскиот гигант до 2022 година, а освен тоа е еден од столбовите во составот на Зинедин Зидан. Реал Мадрид е на мислење дека евентуалната продажба на играчот ќе биде знак на слабост кон другите клубови.

Од своја страна, Варан мисли дека заслужува зголемување на платата. Тој во моментов добива 6 милиони евра годишно. Французинот сака неговата плата да се зголеми на 9 милиони евра по сезона.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Модриќ повеќе не е резерва, повторно е во првите 11 на Реал

Предраг Петровиќ