Реал летово ќари 200 милиони евра од трансфери, а првпат во 40 години не купи никого

Од:

За првпат од 1980 година, управата на Реал Мадрид купи играч во летниот преоден рок, пишува АС. „Кралскиот клуб“ беше засилен само со Мартин Јодегор, Лунин и Алваро Одриосола, кои се вратија од позајмици во други клубови.

„Сантијаго Бернабеу“ го стегна ременот заради финансиската криза по пандемијата. Во исто време, кралскиот клуб собра околу 200 милиони евра од продадени играчи летово, забележува „Марка“.

„Лос Бланкос“ започна со продажба во јуни, кога договори 3 милиони евра за разделбата со Чави Санчез. Во јули, Реал Мадрид го продаде Ашраф Хакими за 40 милиони евра плус 5 милиони бонуси. Во истиот месец, „Бернабеу“ се раздели со Де Фрутос (5 ​​милиони евра) и Дани Гомез (2,5 милиони евра).

Во август беа заработени вкупно 18 милиони од продажбата на Оскар во Севиља (13,5 милиони евра) и Мигел Баеза (2,5 милиони), како и кирии од Куба, Ваљехо и Раниер.

Во септември, нови 37,5 милиони евра беа генерирани од Герет Бејл, Хамес Родригез, Серхио Регилон, Соро, Браим Дијаз, Дани Себаљос и Франчу.

Во септември, Борха Мајорал беше позајмен за 2 милиони евра (за две сезони).

Тоа прави вкупно околу 111 милиони евра. Уште 90 милиони (50 милиони бруто беа на Бејл и Хамес) беа заштедени од платите на овие играчи за да се стигне до сума од 200 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ