Реал ќе му плаќа и пола плата на Бејл, само да си оди од клубот

Од:

Фудбалерот на Реал, Герет Бејл може да ја смени средината до крајот на преодниот рок и да се врати во Премиер лигата.

Клубот од Мадрид конечно е подготвен да му даде зелено светло за заминување, а Шпанците наводно се подготвени да плаќаат половина од неговата неделна плата од 600.000 фунти.

Бејл минатата недела изјави дека Реал „му го отежнал животот“ кога го блокирал неговиот трансфер во Кина пред 12 месеци.

Сепак, се чини дека тие сега се подготвени да попуштат и да помогнат да се реализира некаков вид трансфер.

Така, тие би ослободиле дел од буџетот за плати, а подготвени се да го продадат за само 25 милиони евра.

Островските медиуми го наведуваат Манчестер Јунајтед како еден од заинтересираните клубови.

Бејл се врати во таборот на Реал по обврските кон репрезентацијата на Велс, но не можеше да тренира веднаш. Тој наводно полесно го повредил коленото додека настапуваше за националниот тим. Минатата недела тој одигра едно полувреме на мечот со Финска, а потоа го одигра целиот натпревар во неделата против Бугарија.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Модриќ повеќе не е резерва, повторно е во првите 11 на Реал

Предраг Петровиќ