Реал избори учество во „фајнал фор“ во Евролигата

Од:

Кошаркарите на Реал Мадрид се првите полуфиналисти во Евролигата, откако синоќа во Атина го победија Панатинаикос со 89:82.

За „кралскиот клуб“ ова беше третата победа и без загубен меч ја доби серијата од четвртфиналната фаза.

Руди Фернандез и Факондо Кампачо постигнаа по 16 поени во победничкиот тим, додека Ник Калатес со 17 поени беше најефикасен во домашниот состав.

И на вториот вчерашен дуел славеа гостите. Фенербахче со 66:57 го совлада Жалгирис и поведе со 2-1 во победи.

Вечерва играат: Басконија – ЦСКА Москва и Барселона – Анадолу Ефес. На овие две пресметки резултатот е изедначен 1:1.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска