Реал е подготвен да го изнајми Герет Бејл на друг тим

Од:

Патиштата на Реал Мадрид и Герет Бејл најверојатно ќе се раздела по крајот на сезоната, но голем проблем е тоа што во Мадрид ќе биде тешко да се продаде велшкиот репрезентативец. Поради оваа причина, Реал е подготвен да го изнајми Гарет Бејл по крајот на сезоната, пишува „Марка“.

Според информациите, желбата на Реал е да го продаде Бејл, но поради неговата висока плата – 17 милиони евра годишно не може да се најде купувач. Ова и честите негови повреди се причините зошто врвните клубови не се заинтересирани за него. Флорентино Перез, сепак, е решен да се ослободи од играчот кој не успеа да го замени Кристијано Роналдо.

Тренерот Зинедин Зидан честопати го оставаше на клупата при својот прв престој на чело на Мадрид, па дури и во моментов. Тој неодамна сподели пред медиумите дека иднината на Бејл ќе биде јасна по крајот на сезоната, но „Марка“ предвидува дека тој нема да остане.

Самиот играч сака да го заврши својот договор до летото 2022 година. Во спротивно, Манчестер Јунајтед и неговиот поранешен тим Тотенхем покажуваат интерес да го вратат на Островот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска