Рашфорд е поефикасен од Кристијано и Анри

Од:

Најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед оваа сезона – Маркус Рашфорд не само што продолжува да ја импресионира цела Англија во последните неколку месеци, туку и ги надмина легендите на англискиот фудбал со своите резултати.

Десетката на „црвените ѓаволи“ веќе има 200 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 64 голови и 31 асистенција, што значи дека Рашфорд придонел за 95 гола на неговиот тим.

За исто толку натпревари, европскиот шампион Кристијано Роналдо има постигнато 47 пати и асистирал за гол уште 41 со екипата на 20-кратниот шампион на Англија.

Поранешниот капитен на Арсенал, Тиери Анри е во топ 3 по овој показател. Светскиот шампион во 1998 година со Франција има постигнато 50 гола и асистирал за уште 11 на англиските и европските терени во дресот на „топџиите“.

Покрај неверојатниот настап во текот на овој период, производот од школата на рекордерот по титули во Премиер лигата е трет најмлад играч во клубот кој стигнал до 200 дуели по Џорџ Бест и Рајан Гигс.

На колку повеќе достигнувања ќе стане автор 22-годишниот крилен играч со тимот на Јунајтед или друг англиски тим, само времето ќе каже.

Би можело да ве интересира

Мурињо: Укинувањето на суспензијата за Сити е скандалозна одлука

А1он

Клоп со радост ја прими веста за симнувањето на дисквалификацијата на Манчестер сити

Ана Ололовска

Трансфер прозорецот во Премиер лигата ќе се отвори кон крајот на јули, а ќе се затвори во октомври

Ана Ололовска

Манчестер јунајтед испушти победа над Саутемптон во 96. минута и не влезе во зоната на ЛШ

Ана Ололовска

КАС делумно ја уважи жалбата на Сити кој ќе може да игра во евро-куповите

Ана Ололовска

Роџерс: По рестартирањето на првенството, Лестер игра слабо

Ана Ололовска