Расел ​​ќе го засили Голден стејт

Од:

Кошаркарот Д’Анџело Расел ќе игра за Голден Стејт, објави новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски, кој е добар познавач на случувањата во НБА лигата.

Како што се соопштува трансферот ќе се реализира благодарение на договорот со неговиот поранешен клуб Бруклин. Договорот ќе биде со важност за четири години, а платата ќе е проектирана на 117 милиони долари.

Дваесет и тригодишниот Расел минатата сезона настапи на 81 натпревар во регуларната сезона на НБА. Во просек, тој постигна 21,1 поен по натпревар, направи 3,9 скока и седум асистенции.

Во петте натпревари од плејофот, неговиот просек по натпревар е 19,4 поени, 3,6 скока и 3,6 асистенции.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он