Раниери можен иден тренер на Несторовски и Трајковски

Од:

Италијанскиот фудбалски стручњак Клаудио Раниери, кој неодамна остана без работа по отказот од Лестер, наскоро може да го преземе тимот на Палермо, објавија дел од италијанските медиуми.

За Палермо настапуваат двајцата македонски репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Клубот од Сицилија се наоѓа во незавидна позиција и е пред испаѓање од Серија А, па останува да се види дали Раниери би се нафатил да води второлигаш со амбиции да се врати во најквалитетната лига и покрај големиот број на понуди што Италијанецот ги има од посилни европски клубови.

65-годишниот Раниери во текот на својата кариера веќе предводел клубови од Серија Б како Фиорентина и Каљари.

Тој бил тренер и на европски великани какви што се Јувентус, Интер, Рома, Атлетико Мадрид, Челзи, Валенсија, а бил и селектор на Грција.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска