Рангник е новиот селектор на Австрија

Од:

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник е новиот селектор на фудбалска репрезентација на Австрија.

Германецот ќе го тренира Манчестер јунајтед до крајот на сезоната, а потоа ќе остане во клубот како советник, а паралелно ќе работи и како селектор.

На клупата на Манчестер јунајтед ќе го замени Ерик тен Хаг.

Рангник прв во кариерата ќе работи како селектор, дебито ќе го има на 3.јуни против Хрватска, во Лигата на нации.

Рангник, претходно водеше голем број германски клубови, како Штутгарт, Хановер и Шалке, Хофенхајм. Потоа го презеде Ред Бул Лајпциг и се пресели на позицијата спортски директор и во Лајпциг и во Салцбург, каде што постигна забележителни успеси.

Би можело да ве интересира

Рангник чека работна дозвола да дебитира на клупата на Јунајтед

А1он

Рангник бара тим од Премиер лигата

А1он

Милан ќе му даде 75 милиони евра за трансфери на Рангник

А1он

Рангник откри што довело до прекинување на преговорите со Милан

А1он