Рамос: Со срцето и главата веќе сум на „Ел класико“

Од:

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос по поразот од Манчестер сити (1:2) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, се насочува кон претстојното големо дерби со Барселона.

Триесет и тригодишниот Шпанец на синоќешниот дуел беше исклучен по фаулот над Габриел Жезус пред крајот на средбата.

– По многу тешката вечер, гледам две опции: да се размислува за вчерашниот пораз или да се работите на следната победа. Го избирам вториот. Моето срце и глава веќе се на „Ел класико“, изјави Рамос.

Натпреварот Реал – Барселона ќе се игра в недела во Мадрид со почеток во 21 часот. По 25 кола во Шпанското фудбалско првенство, Барселона е лидер со 55 бода, Реал Мадрид е втор со 53.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска