Ралф Шумахер го обвинува Ферари за ситуацијата на Фетел

Од:

Поранешниот Формула 1 пилот, Ралф Шумахер е меѓу оние кои изразуваат поддршка за пилотот на „Скудерија“, Себастијан Фетел и го бранат од критиките по почетокот на сезоната 2019.

Според доста Ф1 специјалисти, Себ не е среќен во Ферари, а голем број на гласини го враќаат назад во Ред Бул или дури ставаат крај на неговата кариера. Факт е дека Себастијан допушти некои грешки оваа, а и минатата година во битката за титулата со Луис Хамилтон од Мерцедес, но според братот на легендарниот Михаел Шумахер, Ферари треба да бидат обвинувани за тешката ситуација на Фетел.

– Формула 1 стана покомплексна и Ферари тотално ги промашија работите. Автомобилот дефинитивно е тежок за управување, така што тимот треба да го поддржува многу Себастијан кога тој допушта грешки под притисок. Тој не може одеднаш да стане лош пилот, прокоментира пред германски „Штутгартер Цајтунг“ Ралф Шумахер, чиј брат Михаел Шумахер е најуспешен пилот во историјата на Ферари.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона