Раководството на „Камп Ноу“ сака поголеми жртви од Меси и останатите

Од:

Намалувањето на платите од 70 отсто за играчите на Барселона, на кои се согласија фудбалерите од „Кам Ноу“, не е доволно за управата на клубот. Во овој поглед, клубот ќе побара од Лионел Меси и неговите соиграчи да се откажат од повеќе пари, тврди „Мундо Депортиво“.

Сметките на „блугаранас“ не излегуваат и со тие 70 отсто што ќе бидат дел од мерките за влез во посебен режим на штедење во време на кризата. Износот што се собира месечно од овие намалувања на надоместоците е околу 14 милиони евра.

Сепак, на „Камп Ноу“ процениле дека тоа нема да ги покрие загубите, и според тоа претседателот Пеп Марија Бартомеу натоварил дел од директорите со задачата да се договорат со фудбалерите за нивните жртви.

И во принцип, дури и пред неколку дена, самите играчи потврдија дека одвојуваат уште од сопствените средства за да обезбедат дека редовниот персонал во Барса ќе ги добие своите целосни плати во тешкиот период.

По овие информации се очекува остра реакција од фудбалерот на Барса.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска