Ракометната репрезентација го одржа собирот пред квалификациите во Гдањск

Од:

Македонската ракометна репрезентација вечерва го имаше собирот во пресрет на олимписките квалификации што ќе ги игра од 8 до 10. април во Гдањск.

Селекторот Ивица Обрван во некоплетен состав утре ќе ги почне тренинзите, а дел од играчите оправадано ќе доцнат поради клупските обврски.

Обрван се осврна за текот на подготовките и за очекувањата.

– Играчите доаѓаат од клубовите се надевам дека ќе бидат во добра форма, а имаме неколку денови подготовки. Комплетни ќе бидеме од понеделник што е доволно време. Кога има клупски ритам треба само да се потсетиме и да се подготвиме за дуелите кои почнуваат во петок. Мораме сите да веруваме дека ќе се пласираме на Олимписките игри. Полска е сигурно фаворит и заради силата и затоа што е домаќин, Тунис е екипа со која можеме да играме па и да се „тепаме“, а Чиле нема да го потцениме. Се надевам дека ќе бидеме во добро издание и ќе се пласираме по првпат на Олимписки игри, рече селекторот.

Македонија вторпат ќе игра квалификации за Олимписки игри. Претходно пред четири години во Гетеборг нашите ракометари не успеаја да ги минат квалификациите. За Гдањск Македонија ќе патува на 7. април во четврток. Според распоредот првиот ден ќе играме против Полска, во второто коло ривал ни е Тунис, а во последното Чиле.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ