Ракометна сензација во Малме: Данска елиминирана на ЕП

Од:

Данска е елиминирана во прелиминарната групна фаза на Европското ракометно првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Актуелниот светски и олимписки шампион се надеваше на триумф на Исланд над Унгарија за опстанок на турнирот, но тоа не се случи.

Унгарците ги совладаа Исланѓаните со 24:18 и како првопласирани во групата Е се пласираа во главната фаза на ЕП. Иако во најголем дел од мечот беа во негатива, во еден момент и со пет гола разлика, сепак, со извонредна игра во финишот успеаја да направат резултатски пресврт за голема победа на крајот со која пренесуваат и два бода.

Најзаслужен за тоа беше Банхиди со осум гола, Бока и Сита реализираа по четири. Лидери во исландската селекција беа Палмарсон и Сигурдсон кои запишаа по четири погодоци.

Унгарија и Исланд продолжуваат во група со Норвешка, Словенија, Шведска и Португалија додека во другата група, во Виена, ќе играат Хрватска, Австрија, Чешка, Шпанија, Германија и Белорусија.

Би можело да ве интересира

Повторно сите зборуваат за навивањето на Колинда во финалето: Донесе несреќа како и во фудбалот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЕП во ракомет: Шпанија остана на тронот

Ана Ололовска

ЕХФ и официјално: Дувњак е најдобар ракометар на ЕП 2020

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЕП во ракомет: Хрватска и Шпанија за титулата

Ана Ололовска

Познати полуфиналните двојки на Европското во ракомет

Драган Поповски

ЕП: Хрватска одигра нерешено со Шпанија и остана второпласирана во групата

Драган Поповски