Ракометен спектакл: Аплаузи за легендите, победа за младите

Од:

Ѕвездите продефилираа, добија аплаузи, врамени дресови за подароци и потсетија на ракометната магија што сѐ уште ја имаат во себе. Тоа не се заборава, потсети Ванчо Димовски со неверојатна „шрауба“, а актуелните ракометни македонски репрезентативци имаа максимален респект за своите некогашни идоли.

Публиката го награди секој одличен потег, а на крајот победи хуманоста, затоа што сите средства од ракометниот спектакл што се одржа во СЦ “Борис Трајковски“ меѓу актуелната репрезентација на Македонија и ветераните, оние кои го носеа националниот дрес во изминатите две и пол децении, се наметени како поддршка за СОС Детско село.

Кире Лазаров и Столе Стоилов добија огромен аплауз, како и сите останати, за сѐ што сторија за Македонија и за македонскиот ракомет.

Актуелните репрезентативци, кои ќе ги предводи Кире Лазаров за неколку дена на Светското првенство, сигурно добија дополнителен мотив за успешен настап на Мундијалот.

Резултатот е веројатно најневажна ставка на овој ракометен спектакл, но ќе остане запишано дека сепак победија во моментот подобро подготвените, актуелните репрезентативци на Македонија со 25:21. Кире Лазаров го почувствува тоа, во првиот дел играше за ветераните, но потоа си седна на клупата за да биде победник. Да „тргне“ пред Светско…

Неизбежен декор беа и легендарните судии, Марјан и Драган Начевски.

Би можело да ве интересира

Голем предизивик за ракометарите, Фарски Острови противник во баражот на Светското првнество

Катерина Ѓуровски

Лазаров: Сега знам кого треба во иднина да повикувам во репрезентацијата

Македонија се врати од негатива и триумфираше над Турција за крај на евроквалификациите

Катерина Ѓуровски

Ракометарите преку Луксембург кон Европското првенство

Катерина Ѓуровски

Мароканците „лесен залак“ за Македонија

Катерина Ѓуровски

Трет катастрофален пораз за македонската ракометна репрезентација

Ана Ололовска