Ракометарките на ЖРК Вардар остварија висока победа над Савехоф

Од:

Македонскиот женски ракометен првак ЖРК Вардар очекувано стигна до победа над шведскиот тим Савехоф и се проби на третото место на табелата во групата 2 од Лигата на шампионите. Попладнево во СЦ „Јане Сандански“ ракометарките на Вардар се радуваа на триумфот од 37:25 (19:10).

Резултатската равнотежа беше присутна само до 12. минута, кога резултатот последен пат беше изедначен 8:8, а потоа со серија од 6-0 „вардарки“ го најавија вискиот триумф. На полувремето македонскиот првак водеше со 19:10, а во вториот дел и на натпреварот највисоката предност Вардар ја имаше во 50.та минута (32:18).

Најефикасни кај ЖРК Вардар беа: Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ со по 6 голови, додека Јулија Ериксон од Савехоф беше најефикасна на натпреварот со 7 голови.

На вториот дуел од групата Ѓер го совлада Букурешт со 28:22, а утре играат Митјиланд – Будуќност.

Табела: Ѓер 11 бодови, Будуќност 9, ЖРК Вардар 8, Букурешт 7, Митјиланд 5, Савехоф 0. ЖРК Вардар во следното коло ќе гостуваат на екипата на Букурешт.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ