Женската ракометна репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе одигра три контролни натпревари во рамките на подготовките за квалификациите за Европското првенство 2018.
Македонија во првото коло на турнир во Турција ќе игра против Турција А, а во сабота противник ќе и биде Б селекцијата на Турција. Во недела противник на Македонија е селекцијата на Италија.
Селекторот на Македонија Симе Симовски за овие натпревари ќе смета на 17 ракометарки, додека од понеделник таа бројка ќе се зголеми на 23 ракометарки кога во Скопје ќе продолжат подготовките за дуелите против Шведска на 28.септември на гости и против Србија на 1.октомври на домашен терен.