ФОТО+ВИДЕО: Ракометарките на Црна Гора – новите европски шампиони

Од:

Женската ракометна репрезентација на Црна Гора ја прекина апсолутната доминација на Норвежанките, кои се актуелни олимписки и светски шампиони.

Во финалето во Белград, по дури 80-минутна игра го добивме новиот европски шампион во женски ракомет.

Конечниот резултат е 34:31 (12:11, 24:24, 28:28) за Црна Гора.

Најефикасна кај шампионките беше Милена Кнежевиќ со десет погодоци, Катарина Булатовиќ постигна осум, а Јованка Радичевиќ пет.

На голот одлични беа и двете, Харалдсен имаше 16, а Барјактаровиќ 17 одбрани.

Во екипата на Норвешка најдобра беше Ида Алштад со 11 голови, Локе постигна пет, а Ања Един четири погодоци.

Најдобар стрелец на првенството, исто како и на Олимписките игри е Катарина Булатовиќ.

Би можело да ве интересира

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора