Ракометарите пристигнаа во Гдањск

Од:

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Гдањск, каде од утре до недела ќе бие битка против домаќинот Полска, Тунис и Чиле за пласман на Олимписките игри во Рио.

Ова е втора шанса за македонските ракометари откако пред четири години во Гетеборг Македонија ги загуби сите три натпревари. Воедно, ова е нова шанса за генерацијата предводена од капитенот Кирил Лазаров да биде првата македонска селекција која во колективен спорт ќе ја претставува Македонија на Олимписки игри.

Како што најави селекторот Ивица Обрван по вчера одржаниот последен тренинг во Скопје се реши кои 18 играчи да патуваат во Гдањск. Последен отпадна голманот Даниел Дупјачанец, а претходно од листата од 20 играчи поради повреда Обрван не можеше да смета на Филип Лазаров.

Македонија вечерва планирано е да одржи еден тренинг во „Ерго Арена“. Нашата репрезентација првиот натпревар го игра во петок вечер во 20:30 часот со домаќинот на групата Полска. Во сабота наш ривал ни е Тунис, а почетокот на овој дуел е во 18 часот, додека во недела во истоот термин Македонија ќе игра против Чиле. Двете првопласирани селекции ќе обезбедат пласман на Олимписките игри во Рио.

Во исто време ќе се играат и натпревари во уште две групи. Во Малме покрај домаќинот Шведска се уште селекциите на: Шпанија, Словенија и Иран. Во групата во Хернинг улогата домаќин ја има Данска, а играат уште Норвешка, Хрватска и Бахреин.

Досега пласман на Олимписките игри имаат обезбедено: Бразил (домаќин), Франција (светски првак), Германија (европски шампион), Катар (шампион на Азија), Египет (шампион на Африка) и Аргентина (второпласирана на шампионатот на Америка).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ