Ракометарите на Охрид го добија дербито против Пелистер

Од:

Ракометарите на Охрид го добија дерби натпреварот против Пелистер во рамки од 15.коло на Првата македонска лига.

Во воведниот меч од пролетниот дел, одигран попладнево во Охрид, домашните ракометари славеа победа над битолски Пелистер со 28-24 полувреме 16-10. Ова беше меч на двете првопласирани екипи на табелата, а по него сега двата тима имаат идентични 34 бодови.

Прво име во победничкиот табор на Охрид со 6 гола беше Кезиќ, додека кај Пелистер најефикасен со 7 гола беше Везенковски, додека по 5 дадоа Вујачиќ и Тасевски.

Третопласираниот Еурофарм Работник вечерва во салата Автокоманда во Скопје, ја има улогата на фаворит во дуелот против Металург 2.

За утре закажана е средбата Радовиш – Пролет, а во недела ќе се одиграат последните два натпревари во кои ќе се сретнат Работнички – Прилеп и Борец – Вардар јуниор.

Табела: Пелистер 34 бодови, Охрид 34, Еурофарм Работник 28, Борец 23, Прилеп 20, Радовиш 19, Пролет 19, Металург 2 18, Вардар Јуниор 11, Работнички 0.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометари по вторпат подобри од Чиле

Ана Ололовска

Еурофарм Пелистер му го продолжи договорот на Мандалиниќ

Ана Ололовска

Брестовац го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата

Ана Ололовска

Прва победа на РК Еурофарм Пелистер во ракометната Лига Европа

Ана Ололовска

Лига Европа: Ракометарите на Еурофарм Пелистер го пречекуваат словенечки Тримо

Ана Ололовска

Лига Европа: Ракометарите на Еурофарм Пелистер гостуваат во Словенија

Ана Ололовска