Ракометарите на чекор до ЕП – важна победа над Швајцарија

Од:

Македонската ракометна репрезентација е блиску до пласман на Европското првенство кое ќе се одржува во 2022 година откако во второто коло од квалификациите славеше на гостувањето против Швајцарија со 23-25.

Швајцарците се наши главни ривали за второто место во групата, но нашите ракометари денеска славеа и петти пат во низа против истиот ривал, пред се благодарение на извонредната одбрана на чело со голманите Митревски и Томовски. Во клучен момент во нападот во ритам влезе и Гоце Георгиевски, кој постигна неколку важни погодоци кога се решаваше победникот на оваа средба.

Кире Лазаров повторно беше прв стрелец на Македонија со шест погодоци, пет постигна Стоилов, а по четири пати прецизни беа Георгиевски и Кузмановски, за овој огромен триумф со кој широко се отвораат вратите за пласман на ЕП 2022.

Во воведната рунда од квалификациите, македонските ракометари забележаа убедлива победа над Финсkа и по две одиграни кола имаат максимални четири бода идентично како и фаворитот во групата Данска. Нашиот национален состав во продолжението од квалификациите, во март следната година ќе се соочи токму со Данците.

Би можело да ве интересира

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ