Рафалот на Кари им пресуди на Кливленд, нов пораз на Лејкерси, Бостон го победи Денвер

Од:

Стеф Кари ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Најдобриот играч на Вориорс постигна 40 поени во победата на Голден стејт над Кливленд 106:101.

Кари, уште еднаш ја покажа класата, постигна осум поени во финишот на мечот, со кои негативата 95.98, ја претвори во плус за својот тим. Кливленд го предводеше Донован Мичел со 29 поени.

Никола Јокиќ постигна 29 поени, но Денвер на домашен паркет беше убедливо поразен од Бостон со 131:112. Јокиќ погоди 12 од 20 удари од поле, забележа осум скока и три асистенции, но немаше соодветна поддршка од соиграчите.

Нагетс губеа со 77:70 кога тој мораше да замине на клупата за четврта лична грешка во средината на третата четвртина. Тој се врати на паркетот на почетокот на последното, но Селтикси побегнаа со недостижни 111:95.

Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси до петтата последователна победа со 34 поени, 8 скока и 5 асистенции. Џејлен Браун додаде 25, со по осум скока и загубени топки.

Лос Анџелес Лејкерс загубија добијен натпревар. Лејкерси имаа водство против Сакраменто на 120 секунди до крајот, на крајот доживеаја пораз 120:114.

Сакраменто до победата го предводеа Деарон Фокс со 32 поени и 12 асистенции и уште еден играч со дабл-дабл учинок Домантас Сабонис кој постигна 21 поен со 10 скока, Ентони Дејвис со 24 и Расел Вестбрук со три поени помалку не беа доволни за победата.

Резултати:

Орландо – Феникс 114:97
Њујорк – Детроит 121:112
Сан Антонио – Милвоки 111:93
Мемфис – Минесота 114:103
Голден Стејт – Кливленд 106:101
Лос Анџелес Лејкерс – Сакраменто 114:120

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа