Работнички го пречекува МЗТ во вечното дерби на македонската кошарка

Од:

Денеска на програмата е вечното дерби на македонската кошарка помеѓу Работнички и МЗТ Скопје.

Во меч од 17-тото коло на Првата кошаркарска лига, кој ќе се одигра во „Градски парк“ од 17:30 часот, двата тима ќе излезат во битка за првото место на табелата. Работнички славеше во првиот дуел оваа сезона во Аеродром.

Актуелниот шампион објави дека денешниот натпревар ќе има хуманитарен карактер.

„Да навиваме и да помогнеме! Најголемото кошаркарско дерби Работнички – МЗТ, овој пат со хуманитарен карактер. Со секоја донација во кутиите поставени во салата, донирате за семејството Љотиќ кое го изгуби својот дом во пожар“, објави КК Работнички.

Покрај оваа средба, денеска се среќаваат и АБ Охрид – Фени Индустри, Вардар – Шкупи и Куманово – Пелистер.

Утре на програмата е мечот меѓу Гостивар и Блокотехна.

Би можело да ве интересира

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска