Работнички дебитира во АБА 2

Од:

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички, денес од 17 часот, на Златибор ќе го има своето деби во АБА 2 лигата. Противник на тимот од „Градски парк“ /е биде црногорскиот претставник, Студентски град.

dobivaj vesti na viber

Познатиот српски туристички центар ќе биде домаќин на 14 екипи од втората јадранска дивизија која првпат во своето постоење, ќе се игра по изменет систем, со т.н. „балони“, односно три одвоени турнири.

Поради пандемијата со корона вирусот, АБА одлучи втората лига да се игра по „балон“ систем, нешто слично на НБА. Сите екипи ќе бидат сместени во хотелските комплекси, ќе имаат затворени тренинзи и сите дуели ќе се играат во иста сала.

Станува збор за салата „Ваи Таи“ каде ќе се играат натпреварите, а на располагање за тренинзи има уште две сали: Чајетина и Велики Парк.

Првпат од формирањето на АБА 2 лигата, ќе има два македонски претставника. Покрај Работнички, тука е и МЗТ Скопје Аеродром.

Би можело да ве интересира

НЛБ Групација и АБА Лига ј.т.д. – Заедно пишуваме ново регионално поглавје во кошарката

Ана Ололовска

Одложен четвртиот балон од АБА 2 лигата

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Трет пораз на Пелистер во АБА 2 лигата

А1он

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром го порази Пелистер во „македонското дерби“

А1он

Пелистер со пораз дебитираше во АБА 2 лигата

А1он