Пухнер триумфираше во Андора, Шмидхофер го освои малиот Кристален глобус во спуст

Од:

Австријката Мирјам Пухнер ги изненади фаворитите и го освои последниот спуст за сезоната во Светскиот куп во Солдеу (Андора).

Пухнер заврши за 1: 32.91 минута и запиша втор успех во кариерата по деби победата на 16 март 2016 година во Сент Мориц. 26-годишната Австријка заврши пред Викторија Ребенсбург со предност од само 3 стотинки од секундата и ја лиши Германката од прв триумф во дисциплината.

Светската шампионка Корине Зутер (Швајцарија) се нареди трета на осум стотинки заостанување. Корнелија Хутер, која започна со број 15, падна лошо по еден од скоковите околу средината на трасата и беше симната до финалето со специјална санка, а оттаму беше однесена во болница. По прекинот од околу четвртина час, натпреварувањето беше обновено, а Пухнер со бр.18 сензационално се спушти најбрзо.

Освојувачка на малиот Кристален глобус во дисциплината за прв пат стана Никол Шмидхофер (Австрија), која денес возеше претпазливо и остана 11-та на 94 стотинки зад победничката. Шмидхофер забележа две победи и две втори места од осум трки во сезоната и собра 468 поени. Втора остана Стефани Фенир (Австрија) со 372 поени, а трета заврши друга Австријка – Рамона Зибенхофер со 354 поени.

Во генералниот пласман води Микаела Шифрин (САД) со 1.954 поени, која веќе си ја обезбеди титулата, пред Петра Влхова (Словачка) со 1.235 поени и Венди Холденер (Швајцарија) со 943 поени.

Конечен пласман во спуст во Солдеу, жени:

1. Мирјам Пухнер (Австрија) – 1: 32,91 минути
2. Викторија Ребензбург (Германија) – 1: 32.94
3. Корине Зутер (Швајцарија) – 1: 32.99
4. Надја Фанкини (Италија) – 1: 32.13
5. Тамара Типлер (Австрија) – 1: 32.15
6. Софија Гоџа (Италија) – 1: 32.26

Конечен пласман за малиот Кристален глобус во спуст:

1. Никол Шмидхофер (Австрија) – 468 поени
2. Стефани Финир (Австрија) – 372
3. Рамона Зибенхофер (Австрија) – 354
4. Илка Штухец (Словенија) – 343
5. Кира Вајдл (Германија) – 307
6. Корине Зутер (Швајцарија) – 288

Генерален пласман:

1. Микаела Шифрин (САД) – 1.954 поени – шампион
2. Петра Влхова (Словачка) – 1.235
3. Венди Холденер (Швајцарија) – 943
4. Никол Шмидхофер (Австрија) – 721
5. Фредерика Брињоне (Италија) – 704
6. Ранхилд Мовинкел (Норвешка) – 675.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски