ПСЖ убедлив против Башакшехир во продолжението од мечот прекинат поради расизам

Од:

Пари Сен Жермен убедливо го совлада Башакшехир со 5-1 во прекинатиот меч поради расистички навреди кој продолжи денеска на „Паркот на принцовите“. По синоќешниот скандал, мечот денеска го судеа други судии, а на теренот доминираа фудбалерите на ПСЖ.

Бразилецот Нејмар постигна хет – трик, а Килијан Мбапе беше двоен стрелец за „светците“. Единствениот гол за Башакшехир беше дело на Мехмет Топал.

Фудбалерите на двете екипи на теренот истрчаа со маички со посебна порака „НЕ за расизмот“.

ПСЖ го заврши групниот сегмент на првото место на табелата во групата Х со 12 бода, турскиот тим е елиминиран од натпреварувањето.

Би можело да ве интересира

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ

ПСЖ го исфрли Мбапе од тимот и порача: „Килијан е на продажба“

Предраг Петровиќ

ПСЖ го направи првиот чекор за да го доведе Влаховиќ

Предраг Петровиќ