ПСЖ потроши буџет на една мала земја за да стигне на чекор до првата европска титула

Од:

Францускиот гигант Пари Сен Жермен конечно го оствари својот сон да игра за трофејот на најпрестижниот турнир во европскиот клупски фудбал – Лигата на шампионите. Парижаните стигнаа до своето прво финале и се на чекор од посакуваниот успех.

Во 2011 година клубот беше купен од арапскиот шеик Насер Ал-Келаифи, кој постави две главни цели – целосна доминација во Франција и воспоставување на ПСЖ меѓу најсилните европски тимови. Една деценија и неколку потрошени шанси подоцна – клубот ќе игра во финалето на ЛШ.

Во овој период, за да се постигне оваа цел, парижаните потрошија неверојатни 1.268 милијарди евра, а привлекоа 43 различни нови играчи, информира шпанското издание „Марка“. ПСЖ потроши најмногу на својата напаѓачка моќ – 685 милиони евра. Дадени се 306 милиони евра за играчите од средниот ред, 247 милиони евра за дефанзивците и само 28 милиони евра за голманите.

Меѓу првите sвезди кои пристигнаа во клубот беа Тијаго Силва и Хавиер Пасторе (по 42 милиони евра), а потоа следат Златан Ибрахимовиќ (21 милион евра), Единсон Кавани (64,5 милиони евра). Анхел ди Марија (63 милиони евра) и Давид Луиз (49,5 милиони евра).

Нивото беше кренато во 2017 година, кога ПСЖ направи два рекордни трансфери – Нејмар пристигна од Барселона за 222 милиони евра, а Килијан Мбапе дојде од Монако на заем со обврзувачка откупна клаузула во вредност од 145 милиони евра.

Францускиот шампион потрошил најмногу пари во Шпанија – 333 милиони евра, во Италија – 323 милиони евра, а Франција – 214 милиони евра, пишува „Марка“

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ