ПСЖ летово сака да го доведе Тео Ернандез

Од:

Францускиот гигант ПСЖ се надева дека наскоро ќе го оствари трансферот на Тео Ернандез. Парижаните контактираа со претставниците на дефанзивецот на Милан за време на пандемијата и сега шпанското радио „Онсе Черо“ тврди дека договорот ќе се случи во текот на летото.

22-годишниот фудбалер ќе го заземе местото на Лавин Курзава, кој се поврзува со трансфер во Интер или Јувентус.

И покрај тоа што Бразилската легенда на ПСЖ Леонардо се врати на „Паркот на принцовите“ во времето кога Тео Ернандез потпиша со Милан минатото лето, поранешниот спортски директор на „росонерите“ е голем обожавател на младиот играч.

Милан не сака да направи попуст на цената за дефанзивецот и ПСЖ ќе мора да плати сериозна сума ако сака да го привлече Ернандез, велат извештаите од Италија.

Шампионот на Франција веќе направи високопрофилен трансфер откако му плати 50 милиони евра на Интер за Мауро Икарди.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат