ПСЖ ја декласираше Црвена звезда, Шалке ја совлада Локомотив Москва

Од:

ПСЖ со убедливи 6:1 ја совлада Црвена ѕвезда во натпревар од групата Ц во Лигата на шампионите.

Францускиот тим ја потврди фаворитската улога и по 20-тина минути игра имаше водство од 2:0,  а стелец на двата гола во 20 и 22 минута беше Нејмар.

Единсон Кавани во 37 минута зголеми на 3:0, а пред крајот на првиот дел во 41-та минута Анхел ди Марија беше прецизен за 4:0.

Во второто полувреме Килијан Мбапе постигна гол во 70-та минута и зголеми на 5:0.

Четири минути подоцна Марко Марин беше прецизен и го постигна единствениот гол за Црвена ѕвезда намалувајќи на 5:1.

Во 81-та минута Нејмар постигна хет-трик и ги постави конечните 6:1.

Шалке ја совлада Локомотив Москва со 0:1 во натпревар од групата Д. Стрелец на единствениот гол беше Вестон Мекени во 88 минута.

Би можело да ве интересира

УЕФА: Италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе го суди натпреварот помеѓу Црвена звезда и Лајпциг

Горан Наумовски

Короман доби забрана да и се приближува на поранешната девојка

Горан Наумовски

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Црвена звезда е заинтересирана за Мејсон Гринвуд

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ