Екипите на ПСЖ и на Челзи се договорија за трансфер на Бразилецот Давид Луиз од Лондон во Париз. Во соопштението издадено од страна на Челзи се потврдува дека клубовите се договориле за преминот во францускиот клуб и сега потребно е уште Давид Луиз да ги договори личните услови со ПСЖ и да ги мине лекарските прегледи.
Британските медиуми пренесуваат дека висината на трансферот е 50 милиони евра.
Луиз дресот на Челзи го носеше од јануари 2011 година, кога за околу 26 милиони евра дојде од Бенфика и во овој период ги освои: Лигата на шампионите, Лига Европа и ФА купот. Одигра вкупно 143 натпревари и постигна 12 гола.
И во текот на претходната сезона Бразлецот Луиз не беше многу во плановите на менаџерот на „сините од Лондон“ Жозе Мурињо и често неговата позиција во тимот беше менувана, па затоа и трансферот можеше да се очекува.