Првпат во последните пет години нема италијански екипи во четвртфиналето на ЛШ

Од:

Комплетирана е осминафиналната фаза во Лигата на шампионите и познати се четвртфиналистите. По шести пат во историјата на елитното фудбалско натпреварување и првпат од сезоната 2015/16, италијанските тимови не се пласираа во четвртфиналето на турнирот.

Аталанта загуби од Реал Мадрид, Лацио загуби од Баерн Минхен, додека Јувентус не успеа да го мине Порто.

Минатата сезона тимот од Бергамо се пласираше во четвртфиналето.

Во Лигата на шампиони, пласман меѓу осумте најдобри изборија: премиерлигашите Челзи, Манчестер Сити и Ливерпул со што Англија има најмногу претставници во оваа фаза; Баерн Минхен и Борусија Дортмунд од Германија; Реал Мадрид (Шпанија), ПСЖ (Франција) и Порто (Португалија).

Би можело да ве интересира

Ждрепка на Лигата на шампионите: Извлечени спектакуларни двојки во четвртфиналето и полуфиналето

Горан Наумовски

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

А1он

Таткото на Аке почина непосредно по неговиот гол првенец во Лигата на шампиони

А1он

Тухел: Многу кандидати за титулата во Лигата на шампиони

А1он

Чеферин: Не би ми пречело ако Реал, Барселона и Јувентус ја напуштат Лигата на шампионите

А1он