Првиот човек на УЕФА Чеферин го потсети Сејдини: Политиката да не се меша во изборите во ФФМ

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) има безусловна поддршка од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) да организира Генерално изборно собрание на независен начин и без мешање на политиката.

Ова, како што официјално е соопштено, било истакнато при денешната посета на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на седиштето на УЕФА, на покана на нејзиниот прв човек Александар Чеферин.

Двајцата соговорници, како што се наведува во соопштението на Федерацијата, се согласиле дека „во изборот на ново раководство на ФФМ не може да влијае ниту УЕФА, ниту ФИФА, како што не може да влијае ниту политиката, бидејќи тоа би било спротивно на статутите“.

На средбата во Нион било разговарано и за поддршката од УЕФА за инфраструктурни проекти на ФФМ, развојот на младинскиот фудбал, како и за учеството на македонската репрезентација на претстојното Европско првенство.

– Јас сум воодушевен од големите чекори што ФФМ ги направи во последните години под водство на Сејдини. Навистина како држава почнавте да ги бележите сите придобивки од вашите заложби во последните години – од пласманот на репрезентацијата до 21 година на Европското првенство во Полска 2017 година, па до А репрезентацијата која се пласираше на завршниот турнир за прв пат во историјата, истакна Чеферин на средбата со актуелниот претседател на ФФМ.

Од своја страна, Сејдини нагласи дека македонската федерација „ќе продолжи да го дава својот придонес во сегашните и идните проекти на УЕФА, кој секогаш се насочени во корист на европскиот фудбал“.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава