Оклахома Сити и Индијана го изедначија резултатот на 1-1 во победи во плеј-офот НБА лигата, откако ноќеска на домашен терен во конференциското полуфинале беа поуспешни од своите ривали.
Оклахома Сити славеше над ЛА Клиперс со 112:101. Кевин Дјурант постигна 32 поена, а имаше 12 скока и беше најзаслужен за триумфот на домаќините.
Индијана беше поуспешна од Вашингтон, конечниот резултат е 86:82. Рој Хиберт со 28 поени и 9 скокови ги предводеше своите соиграчи до првата победа во серијата прв до четири.
И вечерва се играат два натпревари од НБА плеј-офот. Двојките се: Мајами – Бруклин (1-0 во победи) и Сан Антонио – Портланд (1-0).