Први негативни ефекти од Брегзит врз Премиерлигата, ВБА остана без планираните засилувања

Од:

Тренерот на премиерлигашот Вест Бромвич Албион (ВБА), Сем Алардајс, се пожали денеска дека неговата екипа не може соодветно да се засили во преодниот рок поради Брегзит.

-Веќе имав тројца играчи, кои ќе нè направија посилни, но ништо од тоа. Поради новите правила и прописи околу Брегзит фудбалерите не можеа да дојдат во оваа земја, изјави Алардајс за англиските медиуми.

Од почетокот на 2021 година стапија на сила новите „брегзит правила“ во Премиерлигата, што отсега предвидуваат задолжителна работна дозвола и за фудбалери од земји – членки на Европската унија, а премиерлигашите имаат целосна забрана за ангажирање фудбалери помлади од 18 години.

ВБА, во моментов, е на претпоследно место во Премиерлигата со само осум бодови од 17 натпревари, а клубот минатиот месец го ангажираше на клупата Алардајс, како „експерт“ за опстанок во премиерлигашкото друштво.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига

Мечевите од Премиерлигата во Лондон нема да може да се оддржат ниту следниот викенд

Ливерпул со 9:0 го победи Борнмут, Стерлинг го спаси Челси, хет-трик на Халанд против Палас

Премиерлигашите потрошија 1.5 милијари фунти на трансфери, рушејќи го рекордот

Премиерлигашите веќе нема да клекнуваат пред секој натпревар