Прва мексиканска титула за Атлас по 70 години

Од:

Шампионскиот пост на фудбалерите на мексиканскиот клуб Атлас, што траеше цели 70 години, заврши конечно во неделата, откако по подобро изведување на пенали славеа во финалето над екипата на Леон.

Откако во првиот натпревар на гостински терен загубија со 2:3, фудбалерите на Атлас во реваншот пред своите навивачи триумфираа со 1:0 и се изборија за продолжетоци, а потоа и пенали.

Јунак на вечерта беше колумбискиот голман Камил Варгас, кој одбрани два удари од белата точка, откако претходно Алда Роча во 55 минута го доведе Атлас во водство.

Својата прва шампионска титула во мексиканскиот фудбал Атлас ја освои во сезоната 1950/51.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД