Американецот Џон Изнер го освои својот прв трофеј на еден турнир од Мастсерс 1000 серијата, откако синоќа во финалето во Мајами, САД, го совлада Александар Зверев од Германија со 2-1.
Германскиот тенисер го доби првиот сет на тај-брејк 7:6 (7:4), а потоа Изнер беше подобар, двапати со по 6:4.
На тој начин Изнер по три загубени Мастерс финалиња, конечно стигна до трофејот. Претходно финале играше во 2012 (Индијан Велс), 2015 (Синсинати) и 2016 (Париз).
Зверев остана на два Мастерс трофеја.
Во женска конкуренција најдобра на Мастерсот во Мајами беше американската тенисерка Слоан Стивенс.