Прв спортски камп за лица со попреченост во Ресен

Од:

Во Ресен се одржува првиот спортски камп за лица со попреченост, на кој учесниците имаат можност да добијат обука во адаптивно пливање и адаптивно нуркање од страна на проф. др. Наташа Мешковска и сертифицираниот PADI инструктор, Игор Трајаноски.

Во текот на петте дена на кампот, што почна вчера, ќе биде одржана и обука за животни вештини за лицата со попреченост. Работилница за Life Skills ќе ја одржи Владо Караев.

Проектот „Спорт за сите“ е иницијатива на неколку здруженија кои делуваат во полето на социјалната инклузија на маргинализираните општествени групи, како деца и млади лица со попреченост, но и непосредно лица постари од 55 години и самохрани родители.

Носител на проектот е Здружението на граѓани за адаптивни спортови и рехабилитација „Рекреакција“, а партнери се Здружение на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“, Здружение на граѓани со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Здружението „Преспа Бајк – Ресен“.

Целта на овој проект е социјална инклузија на лица со попреченост, која се постигнува преку спортски активности, односно да се овозможи полесна и квалитетна интеграција на лицата со попреченост во општеството и општествените текови.

Настанот се организира во рамки на проектот „Спорт за сите“, кој се спроведува како дел на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од страна на Европската унијa, а спроведувата од Програмата за развој на Обединетите нации. Во проектот како ко-финансиер со свои средства учествува и Општина Ресен.

Времетраењето на проектот е осум месеци, од август 2019 до март 2020 година.

Би можело да ве интересира

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој, затоа оваа Влада континуирано инвестира и во социјалната заштита

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он