Протест на навивачите на Милан поради тренерот Пиоли

Од:

Дебито на Стефано Пиоли, како тренер на фудбалскиот клуб Милан, ќе биде „збогатено“ со протести на „росонерите“, на кои не им се допаѓа изборот на нов шеф на стручниот штаб.

Милан вечерва на „Сан Сиро“ го пречекува Лече, со надеж дека работите ќе тргнат на добро, откако тимот загуби четири меча во првите седум кола во Серија А. Новиот тренер Пиоли мора веднаш да придонесе за екипата да освојува бодови, но нема да му биде лесно, особено голем е притисокот од фановите.

На навивачите не им се допадна што Пиоли е именуван за тренер, бидејќи го сметаат за човек на градскиот ривал Интер. На Пиоли денеска му е роденден, но тоа нема да ги спречи најекстремните навивачи да протестираат против него и управата која го донесе за тренер.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска