На Интернет „протекоа“ фотографиите од концептот на новиот „БМВ Купе“ во пресрет на официјалнтата премиера на овој автомобил.
Ова купе со изразито спортска линија ќе биде претставено денеска на манифестацијата Конкурс на елеганцијата (Concorso d’Eleganza Villa d’Este).
Автомобилот го карактеризират агресивни, спортски линии, а на предниот дел доминира големата маска на ладилникот и ниските фарови.
Фотографијата на задниот дел е со малку послаб квалитет, но се наѕираат широки стоп светла и две големи симетрично поставени издувни цевки.
Овој концепт го најавува продукцискиит „БМВ Серија 8 Купе“ што во продажните слаони треба да пристигне во 2018 година. Се претпоставува дека автомобилот е поставен на механичката платформа SLAR, што ја користат најновите модели ид „БМВ“ од „Серијата 5„“ и „7“.
Што се однесува до продукциската верзија, се шпекулира дека меѓу моторите ќе се најде и 6.6-литарскиот В12 со околу 610 кс и 800 Нм максимален вртежен момент.
Од порано е потврдено дека „БМВ“ ги заштити правата на ознаките „825“,„830“,„835“,„845“,„850“,„860“, „М8“ и „М850“, така што во иднина може да се очекува и понуда на некои или на сите од наведени модели.