Проблемите на Нејмар со глуждот доаѓаат од неговиот стил на игра

Од:

Лекарот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар смета дека постојаните проблеми на Нејмар со неговиот десен глужд се должат на неговиот стил на игра.

– Кршењето на метатарзалната коска и исчашувањето на зглобот на глуждот немаат директна врска меѓусебно. Сепак, тие доаѓаат од истите дејства. Прво, тој ја скрши метатарзалната коска и ги оштети лигаментите на зглобот.

Сега, со истото движење, со лошата среќа и неговиот стил на игра, тој е фаулиран, се штити, се обидува да ја избегне повредата и завршува со исчашен глужд. Овој пат ништо не се случи со неговата коска, но тој има проблем со лигаментите, рече Ласмар за „Глобоеспорте“.

Би можело да ве интересира

Бразил во октомври ќе игра со Сенегал и Нигерија

Ана Ололовска

Нејмар го спаси Бразил од пораз

Ана Ололовска

Балотели доби понуда од бразилски клуб

Алвеш си најде тим

Луис го напушта Атлетико, се враќа дома

Тите со уникатно постигнување на чело на Бразил

Ана Ололовска