Проблеми пред дуелот со Грузија: Бизарна повреда на Барди, Ристевски и Велковски позитивни на Ковид-19

Од:

Неверојатен шок пред поаѓањето за Грузија. Еден од најдобрите македонски фудбалери, членот на Леванте, Енис Барди, нема да патува за Грузија. Тој се повреди на вчерашниот последен тренинг, а последиците се сериозни видливи утринава. Барди се „укочи“, има сериозни болки во ’рбетот и дијагностицирана е дискус – хернија. Тој едноставно не може да се движи и ќе остане хоспитализиран во клиниката „Систина“.

Ова е нов огромен проблем за селекторот Игор Ангеловски пред историскиот финален меч против Грузија кој се игра утре, со почеток во 18 часот во Тбилиси.

Во експедицијата нема да бидат и Кире Ристевски и Крсте Велкоски. Тие имаат позитивни тестови на коронавирусот. Вторите тестови правени пред денешното заминување се со позитивен резултат.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Барди во јануари ќе го напушти Трабзон

Адеми и Ристовски со Динамо Загреб и Барди со Трабзонспор, во „лов“ на Лигата на шампионите

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Горан Наумовски

Трајковски, Барди и селекторот Милевски добија дипломатски пасоши

Катерина Павлова-Николовска

Васоски го донесе Аврамовски во Сараево

Ана Ололовска